Познатата интернет компанија Ookla ја направи првата интерактивна мапа на ширење на 5G мрежата низ целиот свет.
Македонија е на мапата на ширење на 5G на Ookla благодарение на досега единствената експериментална инсталација на 5G мрежа која се наоѓа во Скопје.
Мапата јасно покажува дека сите земји во регионот немаат активна 5G мрежа туку само технологија која се наоѓа во пред-употреба.
Во нашето пошироко соседство, понапредни во однос на 5G технологијата се Хрватска, Унгарија, Романија и Бугарија каде веќе има по неколку комерцијални или блиску до комерцијални т.е ограничено достапни 5G мрежи.
Прочитајте: Збогум СМС, добредојде на 5G пораките
Во моментов, во светот постојат 8.782 мрежни исталации за 5G кои се во различна фаза и истите се распространети низ 123 земји, вклучувајќи ги сите континенти.
5G мрежата ја има и во неколку држави во Африка, додека пак во Јужна Америка постои само една мрежа која во моментов се тестира.
Ookla еднаш во неделата ја обновува мапата, иако ажурирањето се прави на дневна основа доколку податоците се доставени од проверени извори кои компанијата ги следи.
Според она што го покажува оваа мапа, најдобро покриена земја со 5G е САД, па потоа следи Кина, па Јапонија, па останатите европски земји како што се Холандија, Германија, Велика Британија, Финска, Романија, Полска, Шпанија и други.
Мапата може да ја погледнете овде.