Ана Брнабиќ, премиерка на Србија, најави дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија), без обврска граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за ковид-19 при преминување на границата со Србија.
„За државјаните на овие земји нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појават на ковид-19“ изјави Брнабиќ, пренесе МИА од Белград.
За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР тест на коронавирус и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР тест.