Полициски час, но не како што објавија повеќето медиуми, да биде со целосен карантин, туку од 14 или 15 часот па се до 5 часот наутро, неофицијално дознава Centar.mk.
Ваквиот полициски час би бил во сабота, недела и понеделник, поради празникот Бајрам, кој го слави муслиманската заедница, со можност во сабота истиот да почне во 19 часот.
Со ова во целост би требало да заврши и потребата од полициски час, а веќе од вторник да се отворат угостителските објекти.
Во Македонија веќе со недели драстично е намален бројот на новозаразени.
Извор: Centar.mk