Владата на 56 седница донесе и надополнување на уредбата за лица кои се враќаат во Македонија.
На оваа седница е изменета и дополнета и Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на РМакедонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Македонија приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Р Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.