Познатата игра на Microsoft, Solitaire којашто го научи светот да користи глувче (и да потроши многу време на компјутер) наполни 30 години.
Од компанијата објавија дека играта месечно ја играат 35 милиони луѓе, а дневно се играат околу 100 милиони партии.
Осмислена од Вес Чери, кој тогаш бил вработен во Microsoft, Solitaire оригинално била вклучена во Windows 3.0 од 1990 година. Нејзината изворна намена била луѓето да научат како да користат глувче. Во меѓувреме стана една од најпопуларните игри на светот и е дел од сите верзии наWindows кои излегле во последните 20-ина години, со исклучок на осумката од 2012. Тоа значи дека била вклучена во повеќе од милијарда компјутери.