Меѓународната организација на трудот (МОТ) соопшти дека секоја шеста млада личност ја изгубила својата работа за време на пандемијата на Ковид-19.
Агенцијата за труд на ООН, во четвртиот извештај за ефектите од пандемијата врз работните места, наведува дека 305 милиони работни места со полно работно време се изгубени како резултат на ефектите од Ковид-19. Агенцијата тврди дека последиците се особено сериозни во двете Америки, кои Светската здравствена организација ги нарече нов епицентар на епидемијата.
Генералниот директор на МОТ Гај Рајдер изјави дека младите работници на возраст меѓу 15 и 28 години може да се соочат со тешки периоди во добивање соодветна обука за работа или работни места каде би можеле да ги продолжат своите професионални кариери.
МОТ наведува дека на скоро секој четврти млад работник му е намалено работното време, пренесува АП.