Агенцијата за млади и спорт ја реализира втората мерка од најавениот пакет мерки за систематска поддршка на спортот, а се однесува на спортските клубови кои работат со младински категории.
Вкупно 17 милиони денари се распределени на 586 спортски клубови кои работат со младински категории за месеците април и мај.
Сите овие клубови ќе бидат корисници на паричен надоместок во висина од 29.000 денари, за месеците април и мај.
Листата на спортски клубови кои се опфатени со оваа мерка можете да ја погледнете тука.