Експертите за авијација велат дека ќе биде потребен уникатен пакет на безбедносни мерки за да се врати довербата на патниците.
Поради новите глобални упатства за физичко растојание, воведени за безбедно заживување на воздушниот сообраќај за време на пандемија на коронавирусот, патниците на некои аеродроми ќе треба да пристигнат дополнителни два часа порано пред летот, изјави во вторникот шефицата на Асоцијацијата на меѓународни аеродроми.
На големи аеродроми со мал волумен на сообраќај, патниците нема да треба да пристигнат порано на аеродромот заради социјална дистанца, им рече на новинарите Ангела Гитенс, генерален директор на Меѓународната аеродромска асоцијација (АЦИ).
На помалите аеродроми или на аеродроми на кои има метеж, би рекла дека ќе биде потребен уште еден или два часа, рече Гитенс.
Агенцијата за воздушен сообраќај на ООН издаде упатства за авиокомпаниите, аеродромите и државите да усвојат унифициран пристап поврзан со летањето за време на пандемијата на коронавирус.
Упатствата, усвоени од Организацијата за цивилно воздухопловство (ИЦАО) во понеделник, вклучуваат и маски за носење и одржување на растојание од најмалку еден метар.
Упатствата, поддржани од воздухопловната индустрија, се однесуваат на тековната мешавина на правила што се применуваат како резултат на пандемијата на коронавирус, со што воздушниот сообраќај е различен во скоро секоја земја.
Експертите за авијација велат дека уникатен пакет безбедносни практики ќе биде корисен за да се врати довербата на патниците.
Упатствата треба да се спроведат брзо, рече Александар де Јуниац, директор на Меѓународното здружение за воздушен транспорт (ИАТА), за време на една онлајн конференција за медиуми.
Филип Бертукс, претставник на ИЦАО од Франција, кој ја предводеше работната група, рече дека членовите ќе продолжат да ги изнаоѓаатт и да предлагаат промени како што се менува текот на пандемијата.
Исто така, ќе има додаток на упатствата, рече Бертукс, додавајќи дека тековните инструкции се жив документ што ќе продолжи да се менува.