Електронската комуникација важи за доверлив, безбеден и едноставен канал за пренесување важни информации, податоци, известувања… Сепак, кога пишувате мејл до вашите колеги, претпоставени, соработници, клиенти, потенцијални партнери… мора да бидете внимателни, да не навредите некого, да не бидете погрешно разбрани. Порталот Monster одвои неколку фрази што не би требало да ги употребувате кога пишува мејл:
Дали тоа за вас има смисла?
Иако можеби звучи безопасно, ова прашање може да биде голем проблем за оној што ќе го добие и прочита мејлот. Наместо тоа, може да ја искористите фразата “Ако имате било какви прашања, слободно исконтактирајте ме“.
Емотикони
Доколку не работите во лежерна компанија или пак некому му се обраќате за прв пат, користењето на смајли или некои други емотикони не е најсреќно решение за комуникација.
Избегнувајте CAPS LOCK
Луѓето не сакаат кога некој им вика. Електронските пораки напишани со “заглавен“ Caps Lock или големи букви се дигитален еквивалент за викање. Истото важи и за малите букви, затоа бидете внимателни на правописните грешки и правила за да оставите впечаток на сериозност во бизнис светот.
(Не)формални поздрави
Електронските пораки се брз начин на обраќање, меѓутоа бараат да бидете внимателни како се обраќате. Тоа не значи дека треба да го изоставите почитувањето и правилното поздравување, на почетокот и на крајот од пораката испратена преку интернет.
Давам отказ
Постојат некои теми чија содржина не треба да се испраќа по мејл. Некои информации што може да ги споделите по мејл, но има и такви за коишто не треба да стане збор во електронската комуникација. Давањето отказ по мејл воопшто не е прикладно, туку бара средба на којашто ќе се разговара и ќе се објаснат причините.