Љубовта не знае за мерки, рестрикции, дистанца... БРАВО ДЕЧИЊА!
Доказ за тоа се дечињата од ООУ "Дедо Иљо Малешевски" - БЕРОВО кои на крајот од оваа вонредна учебна година ја изненадија својата учителка со гест кој никого не може да остави рамнодушен. За последниот час и разделбата кој требаше да се одржи преку ученичката апликација, учениците по сите пропишани мерки ја поканија да излезе на тераса пред нејзиниот дом .
Погледнете го видеото:
Денес е денот кога учениците ја завршуваат учебната година, со радост и тага. Еден убав гест на Четвртматурантите од 5а одделение при ООУ "Дедо Иљо Малешевски" - БЕРОВО докажаа и покажаа дека и во време на Корона може да се покаже блискот и љубов кон драгите личности, а притоа почитувајќи ги и мерките за заштита.
Ова е доказ дека ЉУБОВТА е над се`, а да се биде наставник е гордост, а уште погордст е да си ученик на ваков добар наставник.
За последниот час и разделбата кој требаше да се одржи преку ученичката апликација, учениците по сите пропишани мерки ја поканија да излезе на тераса пред нејзиниот дом. Солзите радосници на наставничката Христина Џамбаска доволно говорат за тоа.
Овој гест е за поздравување и слободно го споделувајте ... - стои во оригиналниот пост на Facebook.