Носењето маски или прекривка за лице е се уште задолжително во голем број земји ширум светот. Се носат во затворени простории, супермаркети, пазари, како и при транспорт со јавен превоз.
Една нова студија на универзитете Кембриџ и Гринвич укажува на тоа дека маските за лице може да бидат уште поважни отколку што првично се сметаше за да се спречат идни појави пандемии на новиот коронавирус.
За да се избегне повторно појавување, бројот на репродукција на вирусот (просечен број на луѓе кои ќе заболат од едно заразено лице) треба да се спушти под 1,0. Истражувачите не веруваат дека тоа може да се постигне само со карантин. Сепак, комбинација на карантин и широка употреба на заштитни маски можат да успеат во тоа.
Докажавме дека, кога цело време се носат маски за лице (не само кога ќе се појават симптоми), ефективниот број на репродукција (Re) може да се намали под 1, што доведува до ублажување на ширењето на епидемијата, велат научниците во трудот кој во средата беше објавен од Зборникот на кралското друштво А.
Моделирањето посочи дека кога периодите на карантин се комбинираат со 100% употреба на маски за лице, ширењето на болеста е многу намалено, спречувајќи нејзино „воскреснување“ за 18 месеци, временска рамка која е потребна за развој на вакцина. Тоа, исто така, покажа дека ако луѓето носат маски во јавност, тоа е двојно поефикасно за намалување на бројто R отколку во случај кога маската се носи само кога ќе се јават првите симптоми.
Маските не мора да бидат врвни хируршки или респираторни маски
Прекривките од домашна изработка кои зафаќаат само 50% од издишните капки имаат потенцијал да обезбедат „бенефит на нивно на население“ заклучуваат истражувачите.
Како што веќе е познато, носењето маски првенствено ги штити другите од личноста која ја носи маската, а не обратно.
Магазинот „Сајанс Фокус“ го цитираше главниот автор на студијата д-р Ричард Штут, кој рече: „Нашите анализи го поддржуваат итното и универзалното усвојување на користењето на маски за лице од страна на целокупната јавност“.
Штут е дел од тимот што обично моделира ширење на болести на земјоделските култури во департманот за растителни науки во Кембриџ.