![Секој што сака да има средба со Путин мора да направи 1 работа](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/8b/5110ebb8-resize-820x0x100.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин е заштитен од новиот коронавирус со посебен тунел за дезинфекција преку кој мора да мине секој кој доаѓа да ја посети неговата резиденција во близина на Москва.
Специјален тунел е изграден од руска компанија, а е поставен во официјалната резиденција на Путин, во Ново-Огарјово, пренесува „Њујорк пост”, повикувајќи се на руски медиуми.
Снимка од тунелот објавиле руските агенции, а на неа се прикажани лица со заштитни маски кои минуваат низ него, додека средства за дезинфекција ги прскаат од таванот и од страната.