Република Чешка ќе ја укине обврската за носење маски за лице од 1 јули, како заштитна мерка за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
Чешкото Министерство за здравство соопшти дека задолжителното носење маски во продавниците, рестораните и јавниот превоз ќе биде укинато, со уште некои превентивни мерки, сепак, на места каде што се присутни локални жаришта на коронавирус, како што е во моментов во главниот град Прага и рудниците за јаглен во регионот Карвина.
Министерството, како што се наведува, внимателно ја следи состојбата на тие локации.
Ако нема нови случаи во повеќето региони до 1 јули, тогаш нема потреба мерките да се применуваат за целата земја, јавуваат чешките медиуми.
Базените, музеите и спа-центрите ќе започнат со работа во Чешка на 22 јуни, под услов да им овозможат на посетителите оддалеченост од десет метри, пренесува Танјуг.
Мерките во училиштата ќе се задржат до крајот на учебната година, а Министерството за здравство смета дека нема да има потреба од посебни мерки кога учениците повторно ќе седнат во клупите во септември.