Коронавирусот дефинитивно влијаеше негативно врз сите планови за летување. Поради пандемијата, многу земји имаат рестрикции за патување, а летувањето е значително ограничено. EBD (European Best Destinations) направи листа на најбезбедни дестинации во време на коронавирус кои може да се посетат во Европа.
Со оглед на тоа што во Грузија стапката на заболени од Ковид-19 е на најниско ниво во Европа, како можна дестинација за посета е главниот град Тбилиси во кој може да се сретнат многу знаменитости.
Батуми е вториот град од оваа земја предложен на листата на EBD. Ова популалрно летувалиште на Црното Море нуди одлични песочни плажи, знаменитости, а околината изобилува со природни богатства.
Грција е на прагот да прогласи победа над коронавирусот. Бројните туристички дестинации на Егејското и Јонското море се идеални за летување во време на Ковид-19. Крв и Превеза се двете места од оваа земја кои се најдоа на оваа листа.
Цавтат, Риека и Загреб се трите дестинации од Хрватска кои се најдоа на оваа листа, а тука е и црногорскиот град Котор кои според авторот на сторијата ќе ги задоволи сите потреби од летување, без страв бидејќи Црна Гора е земјата со најмалку активни случаи во Европа.
И Португалија е застапена со три дестинации: Азорските острови, Алентежо и Алгарве. Песочни плажи, чиста и бистра вода е она што ве очекува во овие три дестинации. При тоа нема потреба од страв бидејќи во оваа земја има и за 40 пати помалку заболено од Коронавирус во споредба со останатите европски земји.
Доколку не сакате да ризикувате на преполни плажи тогаш можете да посетите некоја од градските дестинации во земјите со релативно мал број на заболени. Во тој поглед на листата предложение се Варшава и Гдањск (Полска), Виена (Австрија), Рига (Латвија), Вилнус (Литванија), Сибиу и Орадеа (Романија)
Доколку сакате да уживате во природата тогаш можете да ги посетите Оулу (Финска) и Бохињ (Словенија).