По неколку месеци изолација, карантин и затворени граници, егзотичниот остров Фиџи, конечно се отвори, но постои една значајна “квака“, може да влезат само милијардери.
Искрен, неприкриен повик, што го пренесе британски Guardian, премиерот на државата објави на Twitter.
“Да речеме дека сте милијардер кој сака да лета со сопствен авион, изнајми сопствен остров и во тој процес да инвестира милиони долари во Фиџи. Ако сте ги преземале сите нужни здравствени мерки на претпазливост може да имате нов дом во рајот во кој можете да побегнете од пандемијата“, објави претседателот на тамошната влада, Франк Баинимарам.
Во превод, Фиџи сака да го оживее својот парализиран туристички сектор од којшто во економска смисла жестоко зависи и тоа преку привлекување на ВИП гости.
Меѓу нив спаѓаат и оние кои доаѓаат со свои јахти, а кои се подготвени да поминат 14 дена на море во изолација.
По нивниот повик, група од 30 богаташи од позната компанија која не сакаа да ја откријат, пристигнала на островот и таму ќе останат три месеци.
На Фиџи се забележаа само 18 случаи на заразени со коронавирус, а немаа ниту еден смртен случај. На островот веќе три недели нема ниеден заболен.