На Скопскиот аеродром денеска по три и пол месеци слета првиот патнички авион.
Станува збор за „Туркиш ерлајнс“ кој со 104 патници и членови на екипажот слета на пистата на Меѓународрниот аеродром Скопје.
Беше пречекан со т.н. воден мост кој создаде виножито, што е типичен авијациски поздрав за добредојде.
Денеска се очекуваат 28 летови на аеродромот, на првиот ден од неговото реотварање.