Германската авиокомпанија „Луфтханза“ соопшти дека ќе го намали бројот на вработените во администрацијата за 20%, односно ќе отпушти 1.000 вработени, како дел од нејзините напори да преживее во услови на епидемија на вирусот „Ковид-19“.
По намалувањето на бројот на членови на извршниот одбор во матичната компанија, сега се планира да се направат слични потези во подружниците на „Lufthansa Cargo“, „LSG Group“ и „Lufthansa Aviation Training“, каде извршните одбори ќе изгубат по еден член секој, пренесува Ројтерс.
Од Луфтханза велат дека финансиите се безбедни, откако акционерите го одобрија планот за спас од германската влада, а обврските беа преземени од австриската и швајцарската влада.
Целокупната отплата на владините заеми и инвестициите, вклучително и каматните плаќања, сепак, ќе создаде дополнителен товар за компаниите во наредните години, така што ќе биде неизбежно да се намалат трошоците на одржливо ниво, велат од компанијата.
Пресметките покажаа дека како резултат на катастрофалното влијание на пандемијата на патувањата, 22.000 работни места со полно работно време во групацијата Луфтханза станаа вишок.