Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во одржаната прес конференција соопшти дека во Белград се враќа вонредната состојба.
Ситуацијата во Белград е алармантна и сериозна, а истото е и во уште четири града во Србија.
Од утре ќе бидат забранети секакви јавни собири на повеќе од 5 лица било во затворен или отворен простор.
Дополнително, се враќа полицискиот час од петок до поледелник кој најверојатно ќе трае од за време на целиот викенд почнувајќи од 18:00 во петок па се до 05:00 наутро во понеделник.
Во понеделник српската влада ќе разговара и ќе донесе одлука за понатамошниот тек на настаните.