Продажбата на целата групација опадна дури и пред пандемијата
Сопственикот на „Дејли Мирор“ и „Дејли Експрес“ најави дека ќе ја намали работната сила за 12 проценти како една од мерките што ќе ги преземе за време на борбата против влијанието на пандемијата на коронавирусот.
Таа е една од последните во низата компании што мораше да направи кратења поради кризата предизвикана од пандемијата, пренесува Би-Би-Си.
Рич, кој исто така е сопственик на Дејли Стар, ОК! магазинот и неколку други регионални весници соопшти дека околу 550 луѓе ќе ги загубат своите работни места.
Продажбата на целата групација опадна дури и пред пандемијата, но, од друга страна, таа стана попрофитабилна поради намалените трошоци и зголемениот број на читатели на Интернет за време на карантинот.
Проблемот со трошоците се појави затоа што огласувачите престанаа да изнајмуваат простор за рекламирање за време на пандемијата, пренесува BBC.