Компанијата „Адријатик Маринас“ од Тиват на пазарот претстави недвижнини од комлексот наречен „Бока Плејс“, дел од луксузната туристичка населба Порто Монтенегро. Странците со купувањето на простор за станови и бизнис простории, како подарок ќе добијат и црногорско државјанство, пренесе Блиц.рс.
Изградбата на комплексот ќе почне кон крајот на годинава, а цената на становите ќе се движи од 190.000 до 347.000 евра, додека цените за трособен луксузен апартман не е објавена во брошурата и ќе ги добијат заинтересираните клиенти во директен контакт.
Минималната инвестиција за добивање на црногорски пасош е 450.000 евра.
Станува збор за давање државјанство поради „реализација на посебна програма за инвестиции од особено значење за економскиот интерес на Црна Гора“, која меѓу странските инвеститори во Црна Гора е позната како ЦБИ (државјанство поради инвестиции).