Според законот возилото може да има затемнети стакла само со А-тестирани фолии.
На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.
Ваквите состојби можат сериозно да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.
При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.