Google објави дека ја проширува својата програма за стекнување вештини за да им помогне на што поголем број луѓе да добијат можност за подобро платена технолошка работа без факултетско образование.
Работни места за кои ќе бидат обучени кандидатите се Data Analyst, Project Menager и UX Designer.
Оние кои ќе го завршат курсот преку интернет, се охрабруваат да го споделат својот сертификат на LinkedIn со работодавците кои бараат кандидати со тие вештини.
Курсевите не се бесплатни. Податоците на Google покажуваат дека на просечниот студент му се потребни околу три до шест месеци за да ja заврши програмата, а школарината е 49 долари месечно. Сепак, со оглед на економскиот пад што произлегува од пандемијата на коронавирус, ќе бидат достапни и стипендии.
Ќе поделиме 100 000 стипендии врз основа на потребите и добиените сертификати ќе ги сметаме за еквивалент на четиригодишно образование, наведува компанијата.
Некои веруваат дека ваквите програми, кои не чинат многу, се можно решение и алатка за борба против историската нееднаквост во области како што е технологијата, и покрај тоа, тие можат да ги подобрат изгледите на оние кои немаат универзитетска диплома.
Иако формалното образование е од голема вредност, тоа не е секогаш достапно за сите, вели Лиза Гевелбер, која ја води оваа програма на Google наречена „Grow with Google“.