Досегашното лого какво што го знаеме, е во оптек од 1963 година, неколку пати е редизајнирано, и претрпе значителни промени во 1987 година, а последната промена пред оваа беше пред три години.
Како и многу други производители на автомобили, Opel од оваа година има ново лого, пишува Automobili.hr
Некои од големите производители кои веќе го променија логото се „Фолксваген“ и „БМВ“, а се очекува уште неколку гиганти да се приклучат на овој тренд.
Опел ја заврши работата за модернизирање на визуелниот идентитет без многу свечености, а тоа се случи на презентацијата на новата генерација Мока, која е прва марка на Опел што ја носи германската молња која сега се истакнува уште повеќе.
Логото на Opel, познато како „Блиц“, се менуваше и модернизираше неколку пати низ историјата, а сега неговиот минималистички дизајн дополнително ја нагласува молњата, така што прстенот се задушува, се намалува 3Д впечатокот за комплетното лого (се следи примерот на другите).
Досегашното лого какво што го знаеме, е во оптек од 1963 година, неколку пати е редизајнирано, и претрпе значителни промени во 1987 година, а последната промена пред оваа беше пред три години.