Синоќа после завршувањето на 10тата јубилејна Интернационална Конференција за човечки ресурси, се одржа гала вечер на која беа доделени награди и признанија.
Конференцијата беше заокружена со гала вечер на која низ дружба и позитивна енергија гостите ги сумираа впечатоците од овој импозантен настан.
Во одлична атмосфера, релаксирачка музика и доза на неизвесност: Кој ќе ја добие титулата: Најдобар HR менаџер во Македонија.
Не е лесно да се биде HR менаџер, но е голем предизвик и задоволство - велат стручњаците во оваа област. Овие луѓе ја имаат одговорноста да ги одберат, координираат и насочуваат вработените - Оние кои се движечката сила во секоја компанија!
А уште потешко е да се одбере најдобриот од нив – велат од МАЧР.
Важно беше да се одбере човек кој својот пат го градел постепено, кој се соочувал со предизвици, кој се докажал во својата работа, човек за кого вработените зборуваат само со пофалби и благодарност.
-За тоа титулата најдобар HR менаџер за 2017 и ја доделивме на ЕЛИЗАБЕТА МИРЧЕВСКА, Регоналниот директор на човечки ресурси на Атлантик Група за Србија и Македонија.
Како компанија која го негува растот и развојот на своите вработени, Атлантик долг низ години во своите редови има вработени кои го пренесуваат своето знаење на колегите и им помагаат подобро и побрзо да ја завршуваат својата работа. За Атлантик вработените се најголема вредност – вели Мирчевска.
Агенцијата Вработување.ком пак го прогласи Најпосетуваниот огласувач за 2017 што пак значи дека оваа компанија е една од најпосакуваните за вработување во Македонија...Компанијата е КАМ со 421.400 посети на огласите во текот на 2017 година!