Брендот за луксузен накит, Swarovski планира да отпушти една третина од вкупно 4.600 вработени, како дел од програмата за реструктуирање што е одговор на силната конкуренција и загубите предизвикани од пандемијата, пренесува Ројтерс.
Околу 1.000 работни места ќе бидат намалени оваа есен и уште 600 до 2022 година.
Одлуката, како што се наведува, е “болна, но неминовна“.
“Приходите се очекува да се намалат за околу 35% на околу две милијарди евра“, вели Роберт Бухбауер, претседател на Swarovski.