На државјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, С. Македонија, Црна Гора, Србија и на Косово и натаму ќе им биде овозможено, независно од квалификациите да дојдат на работа во Германија, пишува Дојче Веле.
Германија ќе ја продолжи вонредната дозвола со која на луѓето од Западен Балкан им е овозможено доаѓање во Германија.
Како што пишува Дојче Веле, германското Министерство за труд би требало да ја продолжи таканаречената Регулатива за Западен Балкан до 2023 година.
Ова значи дека државјаните на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово и натаму ќе можат, независно од своите формални квалификации за добивање на работното место, да допатуваат во Германија за работа.
Вкупниот годишен контингент за доаѓање на работна сила од Западен Балкан во Германија изнесува 25.000.
Од јануари 2016 година, државјаните од земјите на Западен Балкан можат да добијат виза во Германија, дури и без познавање на германскиот јазик и без професионални квалификации.