Data Scientists, Business Intelligence Analysts, Machine Learning Engineers, Data Engineers - овие професии имаат две заеднички карактеристики: сите се во листата на најплатени и најбарани професии и сите се занимаваат со обработка на податоци
Во светот најголемиот дел од успешните компании веќе се data-driven, односно носат одлуки базирани на податоци. Затоа им се неопходни Data Science и Business Intelligence професионалци. Овие два профили на вработени се меѓу најбараните во светот за 2020. Тие се насушно потребни за компаниите, а ги нема доволно.
Зошто кариера во Data Science?
Работни можности
Обучен и талентиран кадар, ставен во контекст на тековниот недостиг на Data Science кандидати на пазарот, е карта кон сигурна работна можност.
Ниска конкуренција
Освен недостигот на обучени Data Science кандидати, мал е и бројот на кандидати кои се одлучуваат за пренасочување кон ова поле.
Огромна побарувачка
Моментумот на Data Science не е само новиот „моден тренд“ на технологијата, индустриите имаат реална потреба од Data Science кадар. Веднаш!
Аналитичен ум
Примената на Data Science излегува надвор од рамките на проекти и работни задачи. Аналитичноста која се учи во полето, ги „преспојува“ мозочните виуги кај секој Data Scientist и му помага во различни аспекти и сфери.
Data Masters академијата, првиот едукативен центар за Data Science во Македонија нуди одлична можност за посетување на нивните обуки со користење на ваучерите за ИТ-вештини, кои ги доделува Владата на лица до 29 години - прочитај повеќе тука.
Биди дел од индустријата која го менува светот...