Добро познатиот италијански моден дизајнер Брунело Кучинели реши да ја донира колекцијата која остана непродадена поради пандемијата на коронавирусот.
Облеката ќе биде препакувана во продавниците ширум светот со новата етикета „Брунело за човештвото“ и ќе биде донирана на хуманитарни и невладини организации, како и на лица на кои им е потребна помош.
Станува збор за стока чијашто вредност надминува 30 милиони евра.
Брунело Кучинели посочи дека овој проект на некој начин го крева човечкото достоинство и им оддава почит на сите оние кои работеле на создавањето на таа облека.
Тоа е само продолжение на работата што трае неколку години, а се состои во преработка на нашите производи, што е придонес за самоодржливост и намалување на загадувањето, рече Кучинели.
Тој додаде дека би сакал овој симболичен гест да биде прифатен како почеток на нови и подобри времиња..