Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 отсто и ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,9 денари за ефтина тарифа.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, неодамна рече дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19.
Како што дознаваме, цената на парното греење се очекува да поевтини.