Големата плата не е причината поради која ќе ги задржите најдобрите работници на работа, туку тоа се мотивираноста, визијата и забавата.
Просечното време кое вработените го поминуваат во некоја фабрика изнесува 18 месеци, а клучната вештина на секој менаџер би требало да биде способноста да се задржи секој талентиран работник.
Повеќето работници неможе да бидат мотивирани со големите пари кои ќе ги добијат за добро завршената работа. Исто така во повеќето компании постои само мал број на луѓе кои вистински живеат за визија или целите на комапниите. На менаџерите им се препорачува да остават отворена врата за разговор со вработените околу работните интереси и грижи.
Успешниот лидер ги охрабрува своите работници да имаат удел во организацијта која ги смета за важни и се грижи за нив и доволно ги слуша.
За многу работници работата од осум часа на исто столче станува се помалку првилечна, но тоа незначи дека таа работна снага е мрзлива, туку дека работата им е здодевна и немаат желба за иновација и работа.
За компаниите пак, тоа значи привлекување, ангажирање и здружување на врвните таленти низ редефинирање на работната околина, така што ќе им биде попријатно.