Компанијата за резервации на хотели и куќи за изнајмување Booking.com соопшти дека ќе отпушти повеќе од 4.000 вработени, што е една четвртина од вкупниот број на вработени.
Причина за тоа е намалувањето на патувањата поради пандемијата на Ковид-19.
Отпуштањата ќе започнат следниот месец и ќе траат до крајот на годината, наведува матичната компанија „Букинг Холдинг“.
Како што пренесува Сеебиз, бројот на резервирани соби на „Букинг“ во текот на првиот квартал од 2020 година се намалил за 43 проценти, на 124 милиони, а трендот на опаѓање и натаму трае.
Компанијата уште во мај испрати предупредување до инвеститорите да се подготват за полошо сценарио во вториот финансиски квартал, чии резултати треба се објават во четврток.
Букинг има 17.500 вработени и повеќе од 200 канцеларии во светот.