Убер објави дека ја продолжува доброволната политика за работа од дома до јуни 2021 година.
Во вторникот, Убер соопшти дека е донесена одлука за продолжување на политиката за работа од дома до јуни 2021 година.
Како компанија која е изградена на база на флексибилна работа, сакаме на нашиот тим да му овозможие флексибилност, избор и подолготрајна јасност за да можат однапред да планираат, стои во соопштението на компанијата.
За да се прилагоди на оваа промена, Uber на вработените ќе им исплати 500 долари за да можат да ја подготват домашната канцеларија.
Доколку локалните канцеларии се отворат пред јуни 2021, вработените ќе може самостојно да одлучат дали сакаат да се вратат на работа.
Од Убер велат дека без разлика на одлуката на вработените, тоа нема да влијае врз оценката за нивниот перформанс.