Ако сте потполно квалификувани за работното место за кое аплицирате - целите премногу ниско!
Ако неодамна сте дипломирале, големи се шансите да имате положено неколку предмети за кои верувате дека ќе ви помогнат да се подготвите за вашата прва работа. За жал, повеќето од она што ви е потребно за да успеете во вашата раобта вклучува вештини кои никогаш не сте ги научиле на факултет. И сето тоа може да го комплицира процесот на аплицирање.
Кога ги разгледувате потребните квалификации за работните места наменети за кандидати кои само што влегуваат на пазарот на трудот, повеќето од ставките кои се навадени може да бидат работи кои се уште не сте ги сретнале. Дури и кога работата вклучува примена на технички вештини кои ги имате стекнато на вашите предавања, многу веројатно е дека вашиот иден работодавач користи алатки што не сте ги виделе претходно и се потпира на процеси кои го надминуваат вашето знаење.
Сепак, а ова е многу важно, само затоа што ги намете сите квалификации не значи дека не треба да аплицирате за таа работа.
И тоа го вели Арт Маркман во својата нова книга Bring Your Brain to Work каде ја раскажува приказната за својот најстар син кој само што не го завршил факултетот имал можност да аплицира за позиција која нормално ја добиле лица со неколкугодишно работно искуство.
Тој ме праша што да прави, а мојот одговор на тоа беше „Ако си потполно квалификуван за работата за која аплицираш, целиш премногу ниско“. Тој на крајот ја доби работата - а и покрај тоа што имаше многу да научи, на крајот добро се снајде, вели Маркман.
Организациите очекуваат луѓето кои се нови на некоја позиција (особено луѓето кои се нови во компанијата) да прераснат во самата позиција. Тие сакаат новите вработени да постават многу прашања, да бараат менторство, па дури и да направат неколку грешки како што се прилагодуваат на работното место.
Тоа значи дека треба да барате позиции кои ќе ве истегнат, а не такви кои ќе ви го понудат она што веќе го имате како знаење и искуство.
За жал, многу луѓе (особено жените) се фокусираат на работни места за кои се веќе преквалификувани. Постојат многу причини за ова: полесно се адаптираме, што често го прави работодавачот среќен, а тоа ја подигнува нашата самодоверба. Но, од друга страна, мала е веројатноста дека тоа работно место ќе ни пружи раст, а стагнирањето ќе ја отежни транцизицјата на нова позиција. Особено ако се има предвид дека напредувањето од едно на друго работно место бара доследно стекнување на нов сет на вештини. Учењето на овие вештини кога сте на позиција за која сте преквалификувани ќе бара од вас да ги научите овие вештини надвор од работното време наместо да го правите тоа при извршување на секојдневните задачи.
Зошто некои луѓе се плашат да влезат во поголеми чевли?
Еден фактор што многу често ги одвраќа луѓето кога аплицираат за работа е синдромот на наметнувач, односно чувството дека сте се искачиле на позиција која не сте ја заслужиле. Луѓето кои се соочуваат со овој синдром се загрижени дека ако другите дознаат колку биле неквалификувани за својата позиција, тие нема да можат да ја задржат својата работа.
Но синдромот на наметнувач во најголем број случаи е фарса. Не можете да ги прочитате мислите на другите луѓе за да може да претпоставите дали вашите соперници имаат повисок степен на доверба во своите способности во споредба со нивните реални квалитети. Поради тоа, вие не знаете колку други луѓе морале да научат значајни нови вештини на работното место и затоа се повлекувате од позициите за кои се чувствувате неквалификувани.
Наместо тоа, новите непознати позиции треба да се третираат како предизвик. Истражувањето на Керол Двек и нејзините колеги го развија концептот на начин на размислување кон раст (growth mindset), кој тврди дека најдобриот начин да се задржи ориентацијата кон продолжување на учењето е да се третираат тешките задачи како недостаток на вештина (што може да се стекне), а не како недостаток на талент (што не може да се надополни). Организациските психолози затоа теоретизираат дека ваквиот начин на размислување води и кон поголем ангажман на работното место.
За крај, Арт Маркман советува дека корисно за работобарателите е ако на огласите за работа гледаат како на збир на насоки за тоа што вклучува позицијата, а не како на строг список на услови што секој кандидат мора да ги исполнува. Важно е, се разбира, да поседувате барем некои вештини кои се однапред потребни за работата. Но, никој од нас не треба да се ограничи само на позиции за кои сме веќе преквалификувани.