Без оглед на тоа дали природата на вашата работа ви дала слобода да работите од дома или тоа е единственото решение во услови на пандемија, важно е да се сосредоточите на работата и да ги извршувате задачите на најдобар можен начин.
Повеќе од јасно е дека окружувањето има големо влијание врз продуктивноста, затоа во просторот од домот што ќе го претворите во канцеларија, имајте го тоа на ум.
Одберете простор што ви ја дава потребната изолираност од домот, за да имате доволно мир и тишина за да ги сработите и најделикатните задачи беа некој од домашните да ви пречи.
Работата од дома не значи лежење во кревет и “киснење“ по пижами. Тоа значи дека треба да си пронајдете соодветна столица на којашто ќе ви биде удобно седењето и ќе можете да се фокусирате на работата без да мислите на тоа дали ќе ви се здрави вратот или ногата. Освен тоа, изберете и лежерна гардероба, што во превод не значи дека мора да се омилената пижама во којашто спиете. Овие ситни детали, иако изгледаат небитни, имаат големо влијание на тоа како се чувствувате и со самото тоа ќе се рефлектира и врз работата и продуктивноста.
Осветлување и озвучување, два фактора што можат да придонесат за подобра продуктивност. Одберете просторот во којшто работите да има доволно дневна светлина, а ако “заглавувате“ и ноќе, тогаш одберете соодветно осветлување за да не се напрегате додека работите. Недоволно или премногу силно светло може да ви предизвика болка во очите и главоболка, што во вакви услови најмалку го посакувате. Исто така, обрнете внимание и звучно да се изолирате од домот, колку е тоа возможно, бидејќи вревата од домашните може да ви влијае на концентрацијата и продуктивноста.
Иако работите од дома, не бидете ѝ “роб“ на работата, па правете ги вообичаените паузи за кафе, појадок и ручек исто како да сте во канцеларија. Повремените паузи ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да соберете доволно концентрација за задачите што ве очекуваат.