ОГЛАС
За финансов асистент на проект
Првата детска амбасада во светот Меѓаши (ПДАСМ) бара луѓе со енергија, креативност и подготвеност да ги прифатат нашите вредности: посветеност кон мисијата за помош и заштита на децата и развој на граѓанското општество, одговорност, личен интегритет, емпатија, помош на другите особено децата...
Работна позиција: Финансов асистент на проект е одговорен/одговорна за спроведување на проектот “Да ги земеме правата во наши раце” финансиран од “Save the children International in Kosovo”
Квалификации:
- Завршено високо образование-дипломиран економист;
- Минимум 1 година работно искуство на водење на финансии на проекти и буџети во НВО;
- Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик;
- Иницијативност, организаторски способности и способност за работа под притисок;
- Работа со рокови и навремено извршување на активностите;
- Комуникациски вештини и способност за тимска работа;
- Одговорност во извршувањето на поставените задачи;
- Одлично познавање на MS Office програмите;
- Возачка дозвола Б категорија и активно користење на возило.
Вид на вработување:
Работниот однос ќе биде на определено време од 6 месеци (до 31.12.2018 година) со 20 часовна работна недела (50%).
Работниот ангажман предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и основна нето плата во износ од 12.480,00 денари. Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Половина од работно време за една работна недела изнесува 20 часа.
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат наведените услови треба да достават:
- кратка биографија,
- писмо за мотивација
- дoкументи за образование,
- копија од возачка дозвола
- една препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во спроведување слични активности.
Истите може да ги испратите на email info@childrensembassy.org.mk со назнака: за Оглас најдоцна до 08.06.2017 година. Сите селектирани кандидати/ки кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на разговор во рок од 10 дена по истекот на огласот. На останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада Меѓаши не презема одговорност да им одговори.
Повеќе информации за работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши кандидатите/ките можат да најдат на веб страната: www.childrensembassy.org.mk