Ако ги следите нашите совети веројатно имате кратка биографија која изгледа добро и професионално. Но, дури и да успеавте фантастично да го скоцкате вашето работно искуство и академска позадина, останува едно отворено прашање: Дали ги наведовте вашите аналитички вештини? Ако не, дали можете да дефинирате какви аналитички вештини имате? Запомнете дека работодавците и те како ги бараат!
Во случај да се прашувате што е сето ова, нашата денешна статија ќе ви послужи како водич за да одлучите кои фрази во делот со „вештини“ и недостасуваат на вашата професионална биографија.
Кои се аналитички вештини и зошто се толку важни?
Аналитички вештини се вештините кои ги користиме за да ги собереме и обработиме информациите. Затоа се нарекуваат аналитички вештини - сите тие ни користат за да направима своевидна анализа. Тие не придвижуваат од незнаење ништо до знаење се за одредена работа на која сме фокусирани.
Зошто се значајни? Па, живееме во време на информации. Само луѓето кои што знаат правилно да ги соберат тие информации и истите да ги искористат за донесување на бизнис одлуки може да бидат успешни и да напредуваат во својата кариера.
Овие вештини не само што можат да ви помогнат да ја задржите вашата тековна работа, туку и ако ги ставите во вашата биографија може да ви донесат и нова работа.
Кои аналитички вештини и се потребни на вашата биографија?
Постојат неколку клучни аналитички вештини кои според порталот TheLadders треба да се најдат во вашето CV, а тие се:
- Капацитет за истражување, проверка на факти и продуцирање на точни податоци;
- Способност за комуницирање и решавање на проблеми во рамките на тимовите;
- Критичко размислување и способност за визуелизација и
- Менаџерски способности (во однос на време, ризик, тим и сл.)
Доколку поседувате некои други аналитички вештини, можете да ги додадете во вашето CV или да ги комбинирате со горенаведените бидејќи во спротивно испуштате интегрален дел во вашата кратка биографија.