Фејсбук објави нова програма која ги охрабрува корисниците кои откриле повреди на приватноста на податоците да и пријават на социјалната мрежа за ова.
Компанијата не ја прецизира точната бројка, со која ќе се наградува активната позиција, но објаснува дека компензацијата ќе биде усогласена со потенцијалното влијание на секој откриен случај. На овој начин, програмата за откривање на злоупотреби со податоци од девелопери и огласувачи се споредува со постоечката детекција на софтверски „багови“. Во овој случај, надоместот за откривање грешки немаат граница, а Фејсбук платил и до 40.000 долари.
Шефот на производната безбедност на Фејсбук, Колин Грин прецизира дека ако пораката се покаже веродостојна, минималната сума која ќе ја добиете е 500 долари.
„Точниот износ ќе биде одреден врз основа на неколку фактори како големината, бројот на погодените корисници датумот на откривање и сл.“, вели Грин.
Одлуката на Фејсбук доаѓа како нов одговор во светлината на скандалот со бесправното користење на лични податоци на корисниците на социјалната мрежа од политичкиот консултант Кембриџ Аналитика која засегна над 80 милиони корисници.
извор: lokalno.mk