Се укинуваат двата контролни теста со кои се докажуваше дека пациент веќе нема Ковид-19 и беа услов за тој да излезе од изолација, најави министерот за здравство Венко Филипче.
- На состанок на Комисијата за заразни болести усвоивме нов протокол за ослободување од изолација. Нема да бидат потребни повторени испитувања. МАНУ реализира повеќе од 10.000 тестирања и се покажа дека пациенти со коронавирус што немаат симптоми не ја пренесуваат болеста по 10 дена, а кај оние со симптоми по 20 дена нема опасност од пренесување - рече Филипче.
Матичните лекари ќе ја следат состојбата на пациентите зашто, меѓу другото, ги добиваат и резултатите од тестовите. Новите правила треба да важат за неколку дена.
Филипче, исто така, објасни дека сега откако се почнати закажувањата на прегледи преку системот „Мој термин“, пациентите што ќе одат во здравствени установи мора да ги почитуваат протоколите за заштита од вирусот. Во установата ќе влезат 15 минути пред почетокот на прегледот, а со нив може да има само уште едно лице.
Веќе нема да се прават контролни тестови за Ковид-19, за преглед во болница ќе се влегува 15 минути пред да почне
Aktualno
-
Поставени пакетомати во Македонија: Револуција во поштенските услуги со брза, практична и еколошка достава
На македонскиот поштенски пазар првпат се воведуваат пакетомати – уреди што овозможуваат корисниците самостојно да ја преземат својата пратка во кое било време, во рок од 72 часа. Во Скопје се поставени на седум локации, а во Битола на една.
-
Ова е најстарата шума на пленатава, дрвјата се стари 386 милиони години
Планините Кетскил, лоцирани на југоисток од американската држава Њујорк, на околу 60 километри од главниот град Албани, се неисцрпен извор на информации за древното минато на нашата планета.
-
Сè живо поскапува во Германија од 1 јануари
Здравствено осигурување, патување со воз и гориво се само дел од работите што ќе се зголемат во Германија следната година.
-
Cost of Vacancy (COV): Колку чини празното работно место?
Празните работни места во компаниите не само што го нарушуваат дневното работење, туку создаваат и значителни трошоци. За секој лидер или менаџер, пресметката на трошоците кои ги создава празното работно место може да биде клучна за оптимизирање на ресурсите и подобрување на оперативната ефикасност на компанијата. Оваа метрика, позната како Cost of Vacancy (COV), се однесува на вкупниот финансиски товар што го носи секое непополнето работно место.
-
Пензионерка со писмо бара од Град Скопје да се укине бесплатниот јавен превоз за пензионери!
Пензионерка од Скопје покрена петиција за укинување на бесплатниот јавен превоз за пензионерите.
-
Хрватска од јануари го враќа задолжителниот воен рок
Во јануари идната година во Хрватска ќе започне правната процедура за враќање на задолжителниот воен рок, а првите повици на регрути се очекуваат кон средината на 2025 година, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана.