Просечната нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, најголем раст на просечната нето плата е регистриран во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување - 18,7 проценти, Рударство и вадење камен - 15,2 проценти и Образование - 12,6 проценти.
Зголемување на просечната месечна нето плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување - 14,1 проценти, Рударство и вадење камен - 6,3 проценти и Стручни, научни и технички дејности - 4,3 проценти.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесувала 26 867 денари.
Бруто платата повисока за 7,1 процент
Растот на просечната бруто плата во јуни 2020 година се должи пред се на зголемувањето на просечната бруто плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување - 18,5 проценти, Рударство и вадење камен 15,9 проценти и Образование - 13,6 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување - 14,1 проценти, Рударство и вадење на камен - 6,5 проценти и Преработувачка индустрија - 4,2 проценти.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесувала 40 107 денари.