Претседателот на индустрискиот и металуршкиот синдикат во Германија, Јефг Хофман, и пратеничката на германската левица, Катја Кипинг, предлагаат воведување на четиридневна работна недела.
Хофман и Кипинг предлагаат во процесот на усвојување на дигиталната стратегија на Германија да се воведе и четиридневна работна недела, т.е. 30-часовна работна недела како полно работно време за кое ќе се добива целосна плата.
Тие велат дека сегашниот модел на работа е стар со децении и се темели на маж кој работи со полно работно време и жена што се грижи за децата и домаќинството. Според нив, на овој модел времето му истече бидејќи нема никаква врска со реалниот живот.