Се прашувавте веројатно пред да ги бојадисате јајцата...Можеби пресудно беше тоа дека на кафените јајца бојата подобро се фаќа? Но сепак кога одбирате сте се запрашале која е разликата меѓу јајцата?
Освен во бојата разлика во однос на квалитетот НЕМА! И белите и кафените јајца носат со себе иста хранлива вредност 70 калории 6 грама протеини и многу витамин Б.
Па тогаш како е можно да има разлика во цената?Е тоа зависи од производителот и од тоа со што храна ги храни кокошките и каква технологија применува при чување и одгледување на кокошките.
Во суштина белите јајца ги носат бели кокошки кои јадат помалку а кафените јајца ги носат кокошки кои може да бидат со разни бои и тие најчесто се поголеми и јадат повеќе.
Но сепак на Македонскиот пазар повеќе одбираат кафени јајца –им изгледаат поприродно за разлика од белите за кои сметаат дека се вештачки добиени бидејќи се совршено бели