Компанијата Ford Motor објави дека до крајот на годината планира да згасне 1.400 работни места со фиксна плата како дел од повеќегодишната програма за реструктуирање вредна 11 милијарди долари.
Отпуштањата во Ford ќе се прават врз основа на доброволно заминување со отпремнина која исто така ќе им биде понудена на вработените кои ги исполнуваат условите за пензија, наведува американскиот производител на автомобили во својата е-пошта испратена до вработените, пренесува Ројтерс.
Компанијата со седиште во Дирборн, Мичиген, претходно објави дека оваа година очекува загуба поради влијанието на пандемијата на коронавирусот.
Таа процени дека нејзината добивка пред оданочување ќе биде помеѓу 500 и 1,5 милијарди долари во третиот квартал, а очекува загуба во четвртиот квартал, кога ќе лансира неколку нови модели на возила.
Минатата година, Форд намали 7.000 работни места со фиксна плата (целосна плата, без оглед на бројот на работни часови) ширум светот, насочувајќи се и кон 12.000 дополнителни отпуштања и затворање на погони во Европа. Компанијата, исто така, го преструктуираше својот бизнис во Кина и Јужна Америка, пренесува Танјуг.
Нов извршен директор на Форд ќе биде Џим Фарлеј кој од 1 октомври ќе дојде на местото на досегашниот челник Џим Хакет.