10% од работодавачите одбиваат кандидати постари од 50 години
Пред пандемијата КОВИД-19 да го уништи пазарот на трудот, ејџизмот (eng. ageism), односно дискриминацијата на основа на возраста беше главна тема. Истражувачите стравуваат дека работодавците и вработените премногу често ги дискриминираат постарите кандидати затоа што имаат заблуди.
Институтот за јавно здравје во Yale неодамна го идентификуваше ејџизмот како глобален феномен кој драматично влијае на менталното и физичкото здравје на жртвите.
Студија од 2019 година, објавена од Хискокс, покажала дека секој петти испитаник очекувал да доживее ејџизaм околу 40-та година.
Предрасудите кон постарите вработени ги спречуваат компаниите да го искористат нивниот вистински талент, вели Рејчел Палмер, автор на студијата.
10% од работодавачите одбиваат кандидати постари од 50 години, а повеќе од 30% од 45-годишните работници вклучени во неодамнешната анализа на Центарот за извонредност на работното место доживеале некаква форма на ејџизам додека биле вработени или барале работа во последните 12 месеци.
„Луѓето постари од 45 години се важни потрошувачи во нашата економија, но компаниите поверојатно ќе се свртат кон помладите генерации“, вели Палмер.
Во неодамнешниот извештај, во кој се детализирани начините на кои постарите работници им пркосат на заедничките очекувања, истражувачите откриле дека повеќе од половина од самовработените работници над 65-годишна возраст се целосно способни да ја одржуваат својата работна сила во нивните компании.
Палмер идентификуваше пет митови поради кои најчесто постарите кандидати наидуваат на препреки на пазарот на трудот:
• Имаат помала продуктивност и способност
• Поради нивното искуство, тие се „премногу скапи“ за компанијата
• Тие се повеќе склони кон здравствени проблеми
• Не ја разбираат технологијата
• Едвај чекаат да се пензионираат
„Овие митови се бескорисни и невистинити. Постарата работна сила е иднината. Компаниите што не се прилагодуваат ќе останат зад себе“, вели Палмер.