
Неодамнешната студија на Invezz открива 11 индустрии кои биле најпозитивно погодени од Ковид-19. Во време на економска криза на некои индустрии бизнисот им процвета. На списокот се наоѓаат следниве индустрии:
1.Книги
2.Кафе за домашна употреба
3.Онлајн спортски игри и гејминг
4.Опрема за вежбање во домашни услови
5.Луксузни маски за лице
6.Опрема за градина
7.Средства за миење раце
8.Онлајн купување на намирници
9.Онлајн пораки и видео конференции
10.Забавни онлајн сервиси
11.Излети
Дејвид Мери од Invezz наведува дека за некои компании, пандемијата, која за многумина беше страшна за бизнисот, всушност пружи можност и тие беа доволно брзи за да ја искористат истата.
“Некои компании се најдоа во вистинско време на вистинско место“, вели Мери и додава дека агилните компании ќе пронајдат начин да го преживеат и вториот бран од коронавирусот ако го има.