Независно колку и да мислите дека сте личност која одлично се справува со притисок, интервјуата секогаш делуваат заплашувачки. Испотени дланки, срцебиење, суво грло, треперење на гласот...
Познато? Секако! Сите сме поминале низ ова.
Но, тоа не значи дека не можете да го промените тоа. Со помош на 10-те најчести прашања што вашиот иден работодавач може да ги постави, подгответе се одлично за вашето наредно интервју и "направате парче".
1. Кои се твоите слабости?
Не плашете се од ова прашање. Не морате да зборувате директно за вашите слабости, но обидете се да ја свртите приказната кон вашите способности. Обидете се да не ги спомнувате личните квалитети, туку да зборувате за професионалните квалитети.
Пример: "Се обидувам континуирано да работам на подобрување на моите комуникациски вештини со цел да станам подобар презентер. Неодамна завршив курс за комуникација, за кој сметам дека е многу корисно искуство"
2.Зошто би ве вработиле токму вас?
Тука се очекува да го сумирате вашето работно искуство.
Пример: "За време на мојата тригодишна работа во студентската организација го подобрив моето исуство и постигнав значителен резултат во постигнувањето на целта за подигнување на квалитетот и бројот на студенти кои учествуваа во размената. Верувам дека со ова искуство можам да придонесам за промени во вашата компанија. Јас сум сигурна личност и верувам дека би бил значаен дел од вашиот тим"
3.Зошто сакате да работите во нашата компанија?
Пред интервју за работа, треба да ги истражите информациите за компанијата каде сте на интервју. Размислете што го привлече вашето внимание и што ве интересираше во таа компанија. Луѓето имаат тенденција да бидат горди на компанијата во која работат, па добро би било да кажете неколку убави зборови за истата.
Пример: "Заинтерсиран/а сум да работам во вашата компанија затоа што ја цените нашата заедница и затоа што вашите вработени се важни за вас. Во весниците честопати пишува дека учествувате во акции за заштита на животната средина, како и дека поддржувате акции за помош на лица со посебни потреби. Вашите вработени имаат високо мислење за компанијата и производите. Сите овие квалитети се важни за мене како вработен"
4.Кои се твоите цели?
Немојте да зборувате за вашите цели во следните 10 години. Наместо тоа, намалете ја приказната на вашите кратокорчни цели и доколку можете, поврзете некои од нив со компанијата каде имате аплицирано. Понекогаш е многу подобро да се зборува за краткорочни цели отколку да се вклучите во долгорочни цели.
Пример: "Мојата непосредна, моментална цел е да се вработам во компанија која се стреми да се развива и проширува. Моите долгорочни цели ќе зависат од насоката во која се развива самата компанија"
5.Зошто ја напуштивте претходната работа?
Обидете се да не зборувате лошо за претходниот работодавец, туку накратко да ја наведете причината за напуштањето на работата. Ако во моментот сте невработени, наведете ги причините на позитивен начин.
Ако сте вработени, фокусирајте се на она што го сакате од вашето ново работно место
Пример: "После две години работа решив да се преселам во компанија насочена кон тимска работа како би можел да го проширам моето искуство"
6.Кои вештини ги поседувате, а би ве издвоиле од останатите кандидати?
Нема потреба да ги повторувате податоците од вашата биографија. Наместо тоа, обидете се да најдете нешто што навистина ќе ве одвои од другите кандидати. Размислувајте "надвор од кутијата". Не повторувајте ја вашата биографија или типичните карактеристики што сите ги споменуваат – силни комуникациски вештини, тимски играч, вреден работник итн.
Ова е вашата шанса навистина да се истакнете. Бидете убедливи и на тој начин работодавецот ќе ве запомни.
Пример: "Бев под менторство на еден од најдобрите во нашата индустрија. Тој ме научи дека најдобриот начин да се победи конкуранцијата е да се направи нешто на кое таа не помислила. Така, ја надминав својата продажба за повеќе од 150% секој месец, 12 последователни месеци. Токму тоа е вештината што ќе ви донесе пари, а мене ме прави најдобриот кандидат за оваа позиција"
7.Кои се трите позитивни карактеристики што би ги кажал вашиот поранешен шеф за вас?
Ако можете, повикајте се на препораките од поранешниот шеф, но немојте премногу да се фалите. Најдобро е да ги искористите пофалбите на шефот за вашата работа и успех и да го цитирате. Ова е најдобриот начин да се пофалите, но преку туѓи зборови.
Пример: "Мојот шеф смета дека сум најдобриот дизајнер што го имал до сега. Тој знаеше дека може да смета на мене и ја сакаше мојата смисла за хумор"
8.Колку почетна плата очекувате?
Ова е трик прашање. Ако можете, не ја спомнувајте прво платата, но ако работодавецот ви побара, однапред дознајте која е просечната плата во земјата за вашето работно место.
Бидејќи ова е трик прашање, знајте дека секогаш можете да го свртите разговорот во ваша предност, така што работодавачот ќе ви ја каже висината на платата. Обидете се да не бидете првиот кој ќе ја изнесе очекуваната сума на плата или дневница. Наместо тоа, можете да ги кажете следниве работи:
- Која е платата за слични работни места во вашата компанија?
- Колку плаќате некој со моите квалификации?
- Сигурен сум дека можеме да се согласиме за разумна сума кога ќе дојде време.
Дознајте за долните и горните граници на опсегот на плати за вашиот профил во околината. Ако треба да одговорите на овие прашање со број, држете се до приближна, но никако прецизно дефинирана сума.
Пример: "Јас мислам дека платата за работата што ја опишавте се движи од .... до ..... денари"
9.Кои се твоите клучни карактеристики?
Подгответе го вашиот одговор размислувајќи за вештините што се најважни за работата за која аплицирате. Поледнете го описот на работното место, идентификувајте ги должностите и списокот на вештини потребни за извршување на таа должност.
Пример: "Забележав дека неодамна отворивте претставништво во Мадрид. Дедо ми емигрираше од Шпанија и додека растев, во мојата куќа се зборуваше шпански. Јас сум целосно двојазичен, зборувам и англиски и шпански доста добро. Исто така, доста често патував во Шпанија со семејството. Така, ја запознав и шпанската култура. Со мојата диплома можам да работам и во Мадрид, што би било корисно за вас"
10.Кога сте биле најзадоволни од вашата работа?
Лицето кое го спроведува интервјуто сака да знае што ве мотивира. Најдобро би било кога би можеле да дадете прецизен пример кога сте биле мотивирани, возбудени за работата, така што работодавачот ќе добие јасна слика за вашите преференции.
Пример: "Бев многу задоволен од мојата претходна работа кога работев директно со клиенти и ги решавав нивните проблеми. Ова беше многу важен дел од работата за мене"
Запомнете: Дури и да не ја добиете работата за која сте аплицирале, секое интервју е искуство и секое интервју ви носи нови аспекти на кои (ќе) треба да внимавате во иднина.
На крај, ќе бидете целосно подготвени за да ја добиете вашата работа што од секогаш сте ја посакувале.
Со среќа!