И три недели по свадбата не престануваат натписите за кралското семејство, принцот Хари и Меган, како и таткото на Меган кој не се појави на свадбената церемонија.
Сега таткото на кралската снаа се најде среде скандал, откако британските таблоиди напишаа дека тој не се појавил на свадбата бидејќи барал пари за тоа, но бил одбиен. Тој наводно побарал парична помош од Меган, а таа не сакала да помогне.
Тој два дена пред венчавката имаше операција на срцето, па се пишуваше дека се опоравува и затоа не е на свадбата.
извор: lider.com.mk