Мултимилијаредот Бил Гејтс не престанува да ги искажува своите мислења за пандемијата на коронавирус. Во неговото последно излегување во јавноста, тој предвидел дека пандемијата ќе заврши до 2022 година, благодарение на вакцините во кои вложил големи суми.
Во интервју за „Фокс њуз“, основачот на „Мајкрософт“ предвидел дека животот ќе се врати во нормала за луѓето во САД до летото 2021 година, заради напредокот направен во развојот на вакцините против оваа болест.
Деловниот тајкун истакнал дека очекува на почетокот на следната година САД да започнат со одобрување вакцини за јавна употреба. Тој кол дека е „оптимист“ во врска со пандемијата што „нема да трае бесконечно“.
„Крај на епидемијата? „Најдобар случај е веројатно во 2022 година, но во текот на 2021 година, треба да можеме да го намалиме бројот на пациенти ако му пристапиме на проблемот на глобално ниво“, изјавил Гејтс во неделата за „Фокс њуз“.
„Значи, знаете, фала му на Бога што постоеше технологија за вакцини, дека беа финансирани истражувања, дека компаниите ги ставија своите најдобри луѓе на тоа. Затоа сум оптимист дека ова нема да трае бесконечно “, додаде тој.
Мултимилијардерот изјавил дека мисли дека американската Управа за храна и лекови би можела да одобри „три до четири“ формули за вакцината. Тогаш би се поставило прашањето како вакцината би се дистрибуирала, изјавил Гејтс, велејќи дека е разочаран што САД не планирале производство и дистрибуција на вакцината во сиромашните земји.
„САД не се покажа во врска со прашањето за помагањето во купување на вакцина во сиромашните земји кои што моментално се во развој“ – се пожалил тој.
Инаку, Гејтс е главниот инвеститор во фармацевтскиот сектор и вложил милиони долари само за развој на седум различни вакцини против Ковид-19.