Босна и Херцеговина доби нов град.
Општина Дервента добива статус на град.
Mинистерката за администрација и локална самоуправа на Република Српска, Сенка Јујиќ објаснувајќи го овој предлог-закон во Националното собрание потсети дека општина Дервента во 2019 година, врз основа на одлуката на општинското собрание, ја поведе постапката за доделување статус на град со доставување на оваа одлука до владата на Република Српска.
Таа додаде дека заедно со оваа одлука на општинското собрание е доставена студија за оправданоста на барањето за стекнување статус на град, која содржи историски претпоставки, географска положба, природни ресурси, демографски, социјален и економски развој, вработување и деловно работење во 2018 година, регионална интеграција и буџет.
Вели дека Дервента е развиена општина, која има социјален, економски, фискален и административен потенцијал, можност за градење, развој и одржување на инфраструктурата.
Потсети дека законот за локална самоуправа предвидува дека град може да се основа со закон во урбана област која сочинува единствена географска, социјална, економска, историска и територијална единица со соодветно ниво на развој.
Воедно општината треба да има повеќе од 50.000 жители.