Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повеќе сончеви периоди во попладневните часови. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат од 23 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени. Сепак од утре следува период за кој е најавена промена на времето. Има најави за засилен ветер, но и врнежи кои во текот на ноќта кон сабота ќе се прошират и во останатите предели.
Во сабота под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат интензивни. Ќе дојде период на постудено време и максималните температури ќе се движат од 16 до 24 степени.
Минималните температури ќе бидат исто така доста ниски, а на повисоките места се очекува и првиот снег.