Владата ќе даде платежни картички Купувам домашно на 283.000 граѓани на државата во вкупна вредност од 27,6 милиони евра. По 6.000 денари на картичка ќе добијат пензионерите, граѓани од ранливи категории, студенти...
„Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.
Ваква картичка ќе добијат и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Право на картичка ќе има и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.“ - соопшти премиерот Заев.